Фритата – Омлет во рерна

За сите оние кои се уште не направиле фритата – не двоумете се, и направете си супер вкусен појадок или вечера.

Всушност ова јадење може да се нарече уште печен омлет. Можете да ставате какви сакате зеленчици, па дури и сланина или колбаси…оставам на вашата имагинација. Еве ја мојата комбинација.

Потребни состојки:
2 компири
2 главици кромид
2 моркови
1 чешне лук
6 јајца
Неколку шери доматчиња
2-3 свежи печурки
Пармезан (може и друго сирење/кашкавал)
Магдонос, босилек

Компирите, кромидот, морковот и лукчето исецкајте ги на поситни парчиња и ставете ги да се пропржат во загреано масло.

Додадете сол, вегета. Пржете 5-7 минути додека да ја испуштат водата.

На самиот крај додадете магдонос и босилек, промешајте и тргнете на страна. Јајцата разматете ги во посебен сад, додадете го испржениот зеленчук и се убаво измешајте.

Префрлете во тава за печење, одозгора наросете пармезан, наредете шери домати и ставете листови свежи печурки.

Ставете на печење во загреана рерна на 180С, 15 до 20 минути.
Одлично оди со свежа салата.

Добар апетит и уживајте во готвењето по мој и ваш вкус.

До скора средба.

One Comment Add yours

Leave a comment