Добар ден и добродојдовте на мојот блог. Јас сум Елена, а моја цел е да ви го зголемам апетитот па затоа овде најмногу ќе ви зборувам за храна.
Јас сум вистинска гурманка, па најверојатно и поради тоа обожавам да готвам. Она што за некои девојки и жени претставува ноќна мора, за мене претставува задоволство. Не сум професионален готвач, но сакам да зготвам се што ми е „убаво на око“ и убаво на душичката.
Моментално живеам во Франција, далеку од дома и по малку носталгична, решив да почнам со овој блог и да го споделам со вас она што мене ми е терапија, а тоа е готвењето и убавата фотографија, секогаш проследени со добра музика.
На блогот ќе се најдат разни рецепти: од македонски традиционални јадења, можеби и до помодерни француски јадења и се измеѓу што ќе ми се допадне да го споделам со вас, бидејќи не за џабе се рекло „хранате е повкусна кога ќе ја споделите со другите“.
Се што ќе видите на овој блог е мое дело, создадено со моите две раце, напишано на мојата тастатура и подржано со моја фотографија. Се што спремам е од лесно достапни состојки во секое домаќинство и од она што моментално го имам во фрижидерот.
Малку креативност, малку повеќе чувство за спојување на намирниците и пред се желба за создавање на големи задоволства во малата кујна.
Уживајте!
Copyright © 2019 По мој вкус. All Rights Reserved.