Сезоната на тикви е во полн ек, и знам дека тоа што цртав на тиквите по дома, не ве задоволи и сепак сите чекате некаков рецепт.
И покрај тоа што обожавам штрудла со тиква, сигурна сум дека веќе сите знаете да си ја направите, па си реков можеби ова ќе ви биде поинтересно и привлечно. Нас ни беше превкусно.
Halloween се ближи, па за тие што празнуваат, еве ви идеален ручек или вечера, а за останатите, не мора да чекате, спремете си вакво задоволство што поскоро.
Количината на состојките прилагодете ја во зависност од вашите потреби.
2 тикви
1 чаша ориз (чаша од 100мл)
3 чаши вода
1 кромид
2 чешниња лук
Пармезан + друг кашкавал што лесно се растопува.
Зачини по вкус (јас ставив Провансалски микс и магдонос)
Бадеми
Семки од тиква
Отсечете ги врвовите на тиквите и извадете им ги семките.
Вака подготвените тикви ставете ги на печење во загреана рерна на 220°С, 30 минути. Кога ќе се испечат извадете им ја внатрешноста со помош на лажица, но сепак оставете доволно тиква од страните.


Во тава на оган со малку масло запржете го кромидот и лукот. Кога ќе омекнат додадете ја внатрешноста од тиквата исечена на коцкички.

Посолете, ставете бибер и зачини по вкус. Додадете го оризот, пропржете накратко, па додавајте постепено од водата. Откако водата ќе изврие додадете дел од пармезанот и останатиот кашкавал.
Со вака подготвеното рижото, наполнете ги издлабенитр тикви.

Ставете го преостанатиот кашкавал и пармезан одозгора, и вратете во рерна на 220°С уште 15ина минути.

Декорирајте со потпечени семки од тиква и солени бадеми. Тие даваат посебен и неодолив вкус на целото ова јадење.
Bon appétit.



Ве поздравувам и ви закажувам скора средба. Елена. ❣


