После солената торта со тиквички и фета (кликнете ТУКА за да го видите рецептот), сега споделувам со вас уште еден рецепт со тиквички, но овој пат за предлог ручек. Повторно без месо. Не дека не јадам месо, но нешто не ми се јаде баш периодов. Вие слободно може да си додадете мелено или пилешко месо…
Неодолив тарт со круши и чоколадо
Не, не, не сте пробале посовршено нешто од ова. Верувајте ми, тартов е “боли глава”. Ве советувам да користите круши од компот/конзерва. Доколку користите свежи гледајте да се навистина меки, презреани, или евентуално малку сварете ги, колку да омекнат. За да ја добиете оваа превкуснотија што ја гледате овде. Одиме на рецептот. Потребни состојки: За…
Галет со лосос и праз
Денес имам за вас еден одличен галет. Еден мнооогу вкусен галет, кажете ми ако не е така откако ќе го направите. Се работи за комбинација од праз и лосос…Мх, мх. Секако има уште. Читајте рецепт: 1 лисната кора 200гр лосос 2 страка праз 2 средни компири 150гр слатка павлака ½ лажиче морско оревче, сол, бибер…
Бурек со сирење: Тајната е во смесата за премачкување на корите
Вистински бурек со сирење, повистински здравје. Тајната е во смесата која се користи за премачкување на корите. Оваа смеса се користи исклучиво за бурек со сирење. Потребни состојки: 400гр кори за бурек/пита (моите беа 6 на број) За премачкување на корите: 200мл јогурт (или павлака) 100мл млеко 2 јајца 50гр растопен путер Фил: 250гр сирење…
Солена торта со тиквички и фета
Во Франција овие солени торти ги служат како предјадење, или за аперитив на прославите. Некогаш ги сечат на овој начин (на кришки), а некогаш како коцкички, па им ставаат чечклалици за да служат како закуска на боцкање. Јас искрено никогаш не би ја направила, доколку не пробав на една прослава на работа. Имаше солени торти…
Мириса на лето: Тарт со домати и моцарела
Ќе го почувствувате мирисот на летото. Овој тарт со домати ќе ви стане редовен на мени во топлите денови бидејќи има свеж вкус благодарение токму на доматите. Јас направив ронливо тесто за подлога односно pâte brisée, кое се користи за тартови и кишови. За тесто: 160гр брашно 110 гр путер 1 лажичка сол 1/2 лажичка…
Пилешко и брокула во крем сос
Многу брзо за подготовка, и уште побрзо за да го снема од тавата. Овој ручек се подготвува буквално за половина час, може и помалку. Потребни состојки: 400гр пилешки гради (не саламурени) Цветчиња од 1 китка брокула 300гр неутрална павлака за готвење 2-3 чешниња лук 2 зденки 100гр кашкавал Зачини: оригано, босилек, мајчина душичка Пилешките гради…
Тава со модри патлиџани и моцарела
Обично на сличен начин ја правам мусаката со модри патлиџани, со тоа што наместо моцарела, меленото месо се пропржува заедно со кромидот. Но, овој пат не ми се јадеше месо, па направив нешто поинакво, и мислам дека често ќе го правам. 4 модри патлиџани 2 моркови 2 главици кромид 400мл доматно пире 1 домат 1…
Лиснат тарт со моркови
Леле, луѓе па ова не да е вкусно…превкусно е! Следете што имам што имам да споделам со вас. Рецептов дефинитивно ќе го обожавате, плус и многу брзо се подготвува. Еве овој пат дури одбрав готово лиснато тесто. Нема да мора ни да месите. Иако тоа е еден од моите омилени делови при подготовка на вакви…
Овесно уживање: Кога јаготката ќе си го најде местото над шлагот!
Подобро веднаш да ја удвоите количината на состојки за колаченцава, бидејќи ќе ги снема за минута. Се подготвуваат за неполн половина час. Единствена мана им е што многу брзо се јадат. Не за џабе за нешто што е убаво се вели „му доаѓа како јаготка на шлагот“ 🙂 Епа ова е тоа! Јаготкава баш си…