Добро, добро, не го чувам рецептов за себе, ќе го споделам со сите вас, бидејќи е нешто што дефинитивно М О Р А да се проба! Доколку сте на диети или незнам што, одберете еден ден кога ќе си ја почастите душата и направете го токму ОВА! Ќе ми бидете благодарни. Рецептов доаѓа од Франција…
Десерт од само 3 состојки: Без брашно, јајца и шеќер
Направете си еден брз десерт од само 3 состојки кои сите ги имате во вашата кујна. Што е најважно може да јадете колку сакате без грижа на совест. Овие колачиња се без брашно, шеќер, ниту пак јајца. Се што ви треба се 30 минути за целокупната подготовка. Потребни состојки: 90 гр банана (1 голема или…
Преноќена овесна каша
Пет минути пред да одите на спиење, можат многу да значат за добар почеток на следниот ден. Се што треба, е да ја ставите вашата омилена комбинација на вкусови во една тегличка или чинија со поклопче, а веќе утредента имате здрав оброк полн со влакна и хранливи својства кој ќе ви даде енергија во текот…
Без квасец: Лепчиња полнети со сирење и кашкавал
После индиските „наан“ лепчиња, незнам кој остана рамнодушен. Ова е нешто слично, само што плус се полнети со сирење. Не знам како им е името, но нема ни да ви биде важно. Окако ќе ги пробате ќе заборавите и на вашето име. 🙂 Потребни состојки: 250гр јогурт 1 лажица павлака ½ лажиица сода бикарбона 1…
Штрудла со крем од ванила и цреши
Не ни претпоставував дека толку убаво ќе излезе. Ѕирнете ја црешата на комшијата, ако родила, спремајте се за штрудла. Шега на страна, ова е нешто извонредно. Потребни состојки: 15 парчиња готови кори За премачкување на корите: 1 јајце 3 лажици шеќер 3 лажици гриз 100мл јогурт 100мл зејтин 1 лажичка пециво За фил: 600мл млеко…
Лентички со павлака, салама и карактеристичен вкус од зачини!
Многу лесни и брзи за подготвување – Лентички со павлака и салама, но и многу повеќе од тоа. Она што ќе ви падне најтешко е да отидете до продавница и да се снабдите со некои состојки доколку ги немате во моментот. Карактеристичниот вкус на овие лентички кои ја прават целината посебна се зачините на Прованс….
Намаз или пире од грашок
Јас сум човек што многу сака макала, намази, пинџурчиња… Да, свесна сум дека со нив оди “пола кило леб” (што би се рекло), но сепак си сакам едноставно. И нормално во секое макало мора да има лукче, каде без него. Тие што не јадете лук обидете се барем со лук во прав. Инаку не би…
Панцероти „по мој вкус“
Кога ги подготвував панцеротиве, мирисот ме потсети на една мала пекара која се наоѓаше близу до моето основно училиште. Од таму купувавме најубави пецива, а посебно панцероти (или преклопени пици) за 25денари. Каква среќа…Вредеа тие 5 денари плус од дваеската за секое залче. Тајната за секое пециво кое го подготвувате, е да го погодите тестото….
Потребни се само 3 состојки, за овој вкусен ручек!
Побрз ручек, здравје. Сечкате, ставате се заедно и печете – толку! Имате само 3 главни состојки: компири, печурки и павлака за готвење, зачините се по ваш избр! Потребни состојки: 5-6 компири 2-3 чешниња лук (може и без) 300 гр шампињони 300гр неутрална павлака за готвење Зачини: мускантно оревче, вегета, сол, бибер, сусам, ленено семе… Компирите…
Пченица со пилешко – Вкус кој ќе го обожавате!
Рецепт толку едноставен, а толку добар што ќе го обожавате. Ќе му дојде како рижото, со тоа што наместо ориз користите пченица. Фантастично за очи, за душа, а богами и за стомаче. Имав пченица што садев во лушпи од јајца за мојата Велегденска декорација, и решив да ја искористам повторно на некој креативен начин, но…