Потребни ви се само 30 минути да го подготвите овој брз ручек со спанаќ. Кога не сте расположени за долго седење во кујна или кога немате многу време, овој оброк е нешто идеално. Доколку вие или вашите деца не јадат спанаќ, пробајте да им го подготвите на овој начин, верувајте ќе пројадат, и ќе бараат…
НЕ СЕ ПЕЧЕ: Страчатела чизкејк
Многу едноставен и брз, страчатела чизкејк што не се пече. Мислам дека сите би уживале во овој вкус. Страчатела (Stracciatella) е еден вид италијански сладолед или желато што се прави од млеко и во него има мали неправилни парчиња чоколадо. Е, па сега можете вкусот од италијанската страчатела да си го донесете дома, и тоа…
Здрава пица со крцкав наут!
Време е за една здрава пица! Тестото тенко, а меко, вкусот извонреден. Можете состојките за одозгора да ги комбинирате сами, јас се одлучив за комбинација со наут, печурки, кашкавал…Погледнете во продолжение. Од наведената количина состојки, излегуваат 2 пици, со големина 30х16. Потребни состојки: За тесто 2-3 компира (400гр) 60гр овесни снегулки (сомелени во брашно) 2…
Повеќе од перек – Рецепт за Бретзел (Bretzel Alsacien)
Ви пренесувам еден рецепт за неодолив домашен Бретзел каков што се прави во Алсаз, Франција. Вкусот е оригинал како тие топлите што ги продаваат кога се оди на новогодишните панаѓури. Нешто совршено. Не се прават воопшто тешко, така што ве охрабрувам да си ги направите во најскоро време. За тесто: 500гр брашно 200мл млеко 100мл…
Викенд ручек – Ќофтиња во кремаст сос
Рецептов пред неколку години ми беше редовен на мени, но во последно време сум го подзаборавила. За среќа некои луѓе кои ме познаваат знаат да ми побараат рецепт па да ме потсетат што сум готвела низ времето. Ова ви е одлична идеја за викенд ручек. А јас ви го пренесувам обновен, рецептот за ќофтиња во…
Еклери “à la française”
Сите добро знаеме дека на француските еклери им нема конкуренција. Навистина одземаат многу време за подготовка, но вреди за секое залче. Oдамна сакам да пробам да ги направам па конечно им дојде редот. За тесто: 250гр вода 100гр путер 150гр брашно 5 јајца Прстофат сол За фил: 250мл млеко 1 лажичка екстракт од ванила 4…
Француски „Киш Лорен“
Киш Лорен (Quiche Lorraine) е специјалитет во местото каде што живеам во Франција. Лорен се вика всушност регионот кој се наоѓа на североисток во Франција. Доколку дојдете некогаш тука, никако не пропуштајте да го пробате овој специјалитет во пекарите. А, дотогаш, подгответе си го во домашни услови. Вкусот е извонреден! Потебни состојки за тесто: 320гр…
Крцкаво лепче што не се меси
За лепчето кое не се меси зборевме уште одамна, но овие денови често го правам, па експериментирам со разни брашна, поклопено со капак, па без капак, и така натака. ..Сепак според мене најубаво излегува кога се пече половина од времето покрирно со капак. Кората е крцкава, а внатрешноста мека…Совршено. Не ви требаат повеќе од 5…
ПОСНО, БЕЗ МАСЛО! – Пица палента!
По повод Велики петок, со вас споделувам еден посен рецепт. На овој ден обично се пости без масло, а некои од верниците постат и без да јадат и без да пијат. Доколку постите со масло, може да додадете малку при варењето на палентата,но и без тоа е совршена. Во услови кога не се пости, може…
Чоколадни лижавчиња за Велигден!
Велигденски чоколадни јајца на око во лажиче. Преинтересни и предекоративни. Време за подготвување 20 минути. Се што ви треба: 100 гр црно чоколадо 50 грама бело чоколадо Малку зејтин M&m бонбончиња или Бони топ Големи лажици Мали лажички Растопете го црното чоколадо со малку зејтинче ( по потреба). Земете помало лажиче и префрлајте од растопеното…