ПОСНО: Салата од модри патлиџани и потпечени бадеми

Никогаш не верував дека ова може да биде толку вкусно. Се работи за салата од модри патлиџани и бадеми, но мене ми беше одлично како главен оброк со чаша црвено вино! Многу е лесно за подотовка, а плус и посно е! Може да го искористите како салата за вашите посни слави. Ќе ги воодушевите сите…

Колач со јаболки – Од се по 3!

Иако колач со јаболки секогаш ме потсетува на нешто посно, тоа не е случај овој пат. Затоа, тие што постите, зачувајте го рецептот за некој ден подоцна, бидејќи колачов е лудило. Се вика се по 3, бидејќи скоро од сите состојки се става по 3 шолјички за кафе. Рецепт: 3 шолји рендани јаболки 3 јајца…

Пиде – Рецепт на месецот

Викенд е совршено време за месење. Денес со вас сакам да споделам еден рецепт од турската кујна. Се работи за Пиде. Ви ветувам не одзема премногу време, најмногу час и половина. Па и да ви одземе повеќе време ништо страшно, секако мора сите да бидеме свесни и да останеме дома уште некое време. А, за…

Едноставна тава со компири

За ова нема да ви треба рецепт, сакам да ви пренесам само идеја доколку некој не се сетил на комбинацијава. Ви треба само половина час до совршен оброк. Компирите ги сакаат и дечињата, па никогаш нема да биде промашена инвестиција за ручек или вечера. Еве ја содржината од оваа тава со компири: – 4 поголеми…

Крем супа од брокула

Ова е мојата омилена супа, каша, чорба…Како сакате. Вкусот на брокула и лукче е нешто совршено. Можете да биде и посна доколку постите овој период. Прочитајте го рецептот: Брокула- еден поголем цвет околу 400гр 2 моркови 1 компир Пашканат Целер 3-4 чешниња лук 1 филџан млеко (може и вода за посна супа) 1 лажица брашно…

Интегрални пица грисини

Направете си занимација. Овие пица грисини се прават многу лесно и брзо, а ќе уживате долго. Потребни состојки: 500гр брашно (јас користев интегрално) Семки по ваш избор (ленено семе, сусам, ким…) 250гр путер 150гр сирење 1 пециво 1 лажичка сол За одозгора: Кечап Кашкавал Ориганно Најпрво разматете го путерот со миксер, па додадете го издробеното…

Донесете ја бурекџилницата дома!

Во Франција нема бурекџилници, нема воопшто исти пецива како кај нас. Не дека овде пецивата не им се убави, или француските кроасани не се вкусни…Далеку од тоа, имаат пекари нешто невидено. Да ти штукне умот, што би се рекло…Но, сепак, желбата за  бурек е поголема од се на светов J Затоа пробајте го овој рецепт…

„Банана мен“ леб

Искористете го времето кое го поминувате дома овие денови, за нешто во што ќе ужива целото семејство. Познатиот банана бред, збогатете го со уште една смеса плус. Нека биде шарено. Внесете уште една боја! Не постои некој што нема да го обожава овој десерт, а може да послужи и како појадок со чаша млеко! Не…

Посен ручек – Полнети тиквици

По повод Велигденските пости, споделувам со вас уште еден рецепт за посен ручек. ТУКА потсетете се на макалото со компир и спанаќ, кое одлично оди како прилог со риба! Тиквиците може да ги полните на разни начини, со вашата омилена комбинација на зеленчук, но мене ова ми се најде при рака…Излезе превкусно. Потребни состојки: 3…

Лиснати ролнички со 3 вида сирење

Кој ме познава, добро знае дека сум огромен обожавател на сирења, кашкавали…Па оттаму и овој избор за лиснати ролнички. Нема да должам, рецептот е краток, па и јас ќе бидам кратка. А богами и овие ролнички кратко траеја кај нас! Потребни состојки: – Едно готово лиснато тесто – крем сир – 3 вида сирење или…