Лиснато лепче со зачини

Луѓе мои, лепчево остава без коментар. Билките од Прованс му даваат неодоллив вкус и мирис. Тоа е мешавина од суви билки како што се босилек, оригано, мајчина душичка, рузмарин, мудрец и марџорам. Инаку „Provence“ е регион кој се наоѓа во југоисточна Франција на Медитеранот. Може ќе биде тешко да најдете ваква готова мешавина во продавниците…

Лепчиња со 3 видови брашно

Сакам да експериментирам кога се лепчиња во прашање, и сакам да си ги „валкам“ рацете во брашно. За мене највкусно лепче е она кое ќе си го направам сама. Се сеќавате ли на лепчето што не се меси? Можете да се потсетите на рецептот на следниот ЛИНК. Наскоро ќе спремам и еден друг рецепт за…

Совршено мезе за викенд дружба – Млечна даска

Совршено мезе од млечни вкусови. Се подготвува многу брзо, а одлично е за викенд дружба со пријатели. Покрај оваа даска може да ги подготвите солените стапчиња со сусам и ким (видете на ЛИНКОТ), или пак лиснатите кругчиња со сирење и шунка (рецептот е ТУКА). Потребни состојки: 200 гр урда 1 варен морков 4 кисели краставички…

Едноставен рецепт за Чоколаден чизкејк

Како што веќе добро знаете, слатки работи многу ретко јадам, па затоа и многу ретко правам. Но, секако кога има некоја посебна прилика мораш да се потрудиш. Бидејќи незнам дали ме бива за торти не се ни осудив да почнувам нешто такво. Решив за мојот роденден да направам еден многу лесен за подготовка десерт. Чоколаден…

Бабин грашoк на тава

Дали правите грашок во рерна?! Доколку сеуште не сте пробале, време е да го сторите тоа. Јас само така почнав да го јадам. Кога бев мала не можев да го смислам грашокот како јадење, се додека мајка ми не реши да ја врати на трпеза рецептата од баба ми, за грашок на тава со мелено…

Телешки шницли во сос со печурки

Подгответе си меко, сочно и превкусно динстано месо. Овој рецепт е токму таков. Најпрво ве советувам да изберете телешко месо со светло розова боја. Најсигурен начин да ја проверите свежината на телешкото месо е лесно да го притиснете со прстот. Ако месото брзо ја врати својата форма, тоа значи дека е свежо и квалитетно. Потребни…

Зелник со праз и сирење

Овие денови мислите ми беа во домашен зелник. Ние во Македонија си имаме повеќе начини на изработка на зелници, но јас одбрав овој пат една полесна варијанта, а превкусна. Корите на овој зелник излегуваат како лиснати, благодарение на путерот со кој ќе треба да ги премачкате. Фил одберете сами, важно е тестото да го погодите….

Проја за сечиј вкус

Пројата е секогаш ИН! Оди совршено за појадок или вечера заедно со чашка јогурт. Ова е еден едноставен рецепт за подготовка на проја, кој нема да ви одземе многу време, а ќе уживате во секое зелено залче. Потребни состојки: 100 гр пченично (бело) брашно 200 гр пченкарно (жолто) брашно 200 гр јогурт 4 јајца 180…

Однадвор крцкави, а внатре лиснати – Кругчиња со сирење и салама

Луѓе овие лиснати погачици ќе ви бидат најдоброто нешто што сте пробале. Одлични за аперитив кога имате гости, за појадок со јогурт, или за ужинка. Големината изберете ја сами во зависност од чашата или калапот кој го користите. Однадвор крцкави, а внатре лиснати. Нигелата одозгора дава посебно убав вкус на кој нема да можете да…

Посен ориз на тава

Оризот е секогаш одлична идеја за деновите кога постите, а со оглед на брзото време на приготвување ќе го практикувате и надвор од постите, бидејќи со ова јадење месото нема да ви е неопходно. На следниот ЛИНК поледнете уште еден рецепт за Кремасто и сочно рижото со печурки! Рецепт: 1 чаша ориз (не преполна) -мерите…