Подгответе си нешто брзо, лесно и здраво! Намаз од авокадо.Состојките и зачините може да ги правите по ваш вкус, а ова е мојот. Рецепт:1 авокадоЗачин лук или 1 чешне 1 лажица маслиново масло1 лажичка мајонезСок од половина лимон МагдоносСолБибер Исечете го авокадото на половина и отстранете ја семката. Извадете ја средината од авокадото со помош на лажиче,…
Путер кифлички, меки како душа
Нека замириса домот на кифлички. Неодоливо вкусни и меки како душа, путер кифлички кои вреди да се пробаат. Не верувам дека ќе ви останат одвишок, но колку за информација, можете да ги замрзнете, па кога ќе имате потреба да ги одмрзнете на собна температура, или кратко да ги подгреете во рерна или микро. Погодете што?!…
Француски Киш со спанаќ и сирење
Луѓе имам одличен рецепт за француски Киш (Quiche). Рецептот за тестото е токму онаков како што го прават во пекарите. Бидејќи токму од таму и го земав. Епа да, и во Франција некои работи можете да завршите преку врски, не само кај нас 🙂 За тесто: 320гр брашно 150гр путер 50мл вода 1 лажилка сол…
Домашно крцкаво лепче што не се меси!
Денеска ви го претставувам рецептот за лепчето што не се меси и кое секогаш успева. Се појавува скоро во сите блогови за храна. Во САД го нарекуваат „no-knead bread“ а французите „pain en cocotte“(леб во огноотпорен сад со капак). Се спрема за 5 минути, па кога не сте во можност да губите повеќе време, или…
Кремасто и сочно рижото со печурки
Отсекогаш имав дилема каков ориз да користам кога правам рижото. Вистина е дека сум правела и со најобичен ориз и сеуште правам некогаш, а сум правела и со специјален за таа намена. Но, сепак од искуството, за рижото пожелно е да се користи ориз кој е специјално наменет за таа цел, бидејќи вкусот ќе биде…
Дали ја користите салатата како замена за оброк?
Дали ја користите салатата како замена за оброк? Знам дека кај нас салатата повеќе служи како прилог со главното јадење, но мислам дека е време тоа да го промениме. Посебно после празниците тоа е идеална идеја. Кога ќе помислиме на салата, прво ни паѓа на ум нешто едноставно и најчесто без повеќе комбинации, краставица и…
Генијална идеја: Чоколадни јајца на око
Овие чоколадни јајца на око ме освоија на прв поглед. Идејата ја видов од @mymacedonianhome на Инстаграм која ја објави оваа Велигденска DIY декорација уште една недела пред Велигден. Па сите имавме време да си го ставиме постот во „save“ и да го направиме за време на празникот. Единствено што додадов плус се лешниците, бидејќи…
Омилено, а посно: Коктел морски плодови на ОВОЈ начин
Е ова го обожавам! Не бев голем љубител на морски плодови, се додека не си ги спремив сама на овој начин. Прв пат ги подготвив вака за Благовец. Оваа година се спремаше посно за тој ден, како и години наназад. Сакав да ставам нешто поразлично и ново за славската вечера, па подготвив морски плодови и…
Испробано и навистина делува: Еве како да избелите жолти јајца?
Што би се рекло „маката ме натера“ да го пробам и ова, и секако желбата за јајца со салфетки. Знам дека можеби веќе не е толкав хит, но јас и лани правев, и оваа година сакав да направам. И не само тоа, имав уште една желба. Да добијам јајца со пастелни бои, а тоа не…
Украсување Велигденски јајца: Обојте го овој празник во ведри бои!
Велигден, голем празник кој бескрајно инспирира. Се надевам дека овие мои фотографии ќе ве инспирираат и вас за оваа година Велигден да го обоите во ведри бои, да донесете свежина на трпезата и да си поминете најубаво опкружени со најблиските. Со оглед на тоа дека имав само црвена боја во пакетче од минатата година (а,…