Мусаката на баба!

Мусака со модри патлиџани. Некои ја викаат грчка мусака. Еве не знам, ама јас во Грција најмногу имам јадено Локомадес. Мене оваа мусака со модри патлиџани ме потсеќа на баба ми и никој друг. Таа ја правеше најубаво! Дали ја правите и вие дома? Мојот сопруг ваква мусака проба прв пат кога јас ја спремав,…

Кнедли од месо во доматен сос

Во Франција многу често ги подготвуваат овие топчиња/кнедли од мелено месо во доматен сос. Се викаат “Boulettes de viande à la sauce tomate”. Ги служат најчесто со тестенини или пире. Што беше многу интересно и невообичаено за мене, е тоа дека овие кнедли се подготвуваат само од мелено месо. Без додавање кромид, јајце…и сл., како…

Солена торта со кулен, сушени домати и кашкавал

Ќе ја обожавате како што ги обожавате експресно брзите лепчиња со кулен.Солена торта со Чоризо (или кулен), сушени домати и кашкавал.Одлична е за вечера со листови зелена салата, или пак за појадок со јогуртче. Идеална за оние кои си носат во lunchbox храна за на работа… 3 јајца120мл млеко180гр брашно1/2 пакетче прашок за пециво50гр сушени…

Сочна штрудла со јаболки, суво грозје и бадеми

Добредојде Октомври и мирисот на есента. Сочна штрудла, топло чајче,  дожд и добра книга при рака… Каква штрудла? Со многу посебен вкус…Следната што ќе ја правите, да биде оваа. Снабдете се со кори уште утре. 500гр готови кори (во мојот случај 25 парчиња)10ина јаболки5 лажици суво грозје10 лажици мелени бадеми– За попрскување:150мл кисела вода60мл масло–…

Екстра здрав десерт: Чоколадо и киноа

Дали знаете дека може да си испукате киноа како пуканки? A дури и има многу интересен јаткаст мирис кога ќе ја пукате. Како да го направите тоа има објаснето подолу.Ако ја помешате со црно чоколадо ќе добиете екстра здрав десерт! 50гр испукана киноа (објаснување подолу)200 гр црно чоколадо50 гр бело чоколадо20 мл кокосово масло (или…

Ѓозлеме – Донесете го вкусот на Турција дома!

Ќе бидете горди од тоа што сте направие со вашите две раце, а јас горда што го споделувам со вас овој рецепт, дел од феноменалната турска кујна – Ѓозлеме. Всушност пред некој ден во еден турски маркет каде има мала како пекара, јадевме Ѓозлеме. Чичковците Турци таму ги спремаат на лице место, и ги гледаш…

Експресно брзи лепчиња со кулен и кашкавал

Без месење, без чекање да нараснат. За 20 минути од почеток до крај имате доручек за мерак. Мешате се заедно, и ставате да се пече. Толку едноставно.Експресно брзи мали лепчиња со кулен и кашкавал. 140гр брашно160гр павлака1 лажичка прашок за пециво100гр Чоризо или кулен или пеперони100гр Гауда или друг кашкавал по избор Куленот купете го…

Брз ручек: Паста со сланина во сос

Кој е за брз ручек во недела?Еве ви една идеја, сигурна сум дека ќе ви се допадне. 300гр макарони300 гр пушена сланина1главица кромид1 лажица путер500мл неутрална павлака за готвењеПармезан Макароните сварете ги во посолена вода. Не ги преварувајте бидејќи ќе се доварат подоцна заедно со сосот.Додека тие се варат, во тава издинстајте го кромидот исечен…

Полнети крцкави стапчиња со готови кори

Не знам вовед за овие полнети стапчиња, ете верувајте ми…Едноставно се превкусни!Крцкави, со арома на чадено пилешко, сиренце и лукче, зачинето со магдонос…Доволно е?Еве го рецептот. Потребни состојки: 500гр готови кори300 гр урда или дробено сирење2 јајца (едната жолчка оставете ја за премачкување)300гр чадено пилешко1 лажичка зачин лук (или свеж, ситно исецкан)4-5 гранчиња магдоносЗа попрскување…

Лиснат тарт со печурки, урда и чадено пилешко

Дали сте фан на печурки како мене? Фан сум на сирење, урда, кашкавали пред се, а потоа и на печурки. Оттаму и произлезе комбинацијата за овој лиснат тарт. Патем за тарт не ви треба многу. Само добра идеја и имагинација, и секој пат ќе имате различно предјадење или мезе за со блиските. Една лисната кора…